eONE-FORTY

ДИЗАЈНОТ ГО ЗАПОЗНАВА АЛУМИНИУМОТ

ПОГЛЕДНИ ГИ СИТЕ ВЕЛОСИПЕДИ

Различни возачи бараат различни велосипеди и некои патеки и стази подобро се совладуваат со машина создадена за нив. Со оглед на тоа, ние во МЕРИДА сме свесни дека карбонскиот преден триаголник на рамот не е сечиј избор и дека има потреба од проширување на ценовниот опсег на линијата на нашите електрични “ендуро” велосипеди. Овие два фактора беа доволни да се вратиме на почетокот и да ги креираме новите алуминиумски верзии на  eONE-FORTY моделот во касниот дел на 2020 сезоната. 2020 eONE-FORTY LIMITED EDITION моделот ги импресионираше купувачите, возачите и велосипедските медиуми и ни покажа дека треба да ја прошириме целата линија eONE-FORTY со алуминиумски варијанти. 2021 eONE-FORTY линијата е само со алуминиумски велосипеди кој се слични со нашите алуминиумски eONE-SIXTY модели, но ако ги погледнете деталите помеѓу двата модела ќе видите дека се работи за потполно различни велосипеди. Дозволете ни да објасниме!

Со eONE-FORTY моделот ние додаваме потполно нов велосипед во нашата постава на МЕРИДА електрични планински велосипеди . Поради својата помалку агресивна геометрија и рамот долг 140 мм, дизајниран и фокусиран е примарно на искачување за разлика од eONE-SIXTY моделот. Нискиот преден дел и поостриот агол на седиштето го прават eONE-FORTY одличен велосипед за качување. Еднакво е добар и на долги и исцрпувачки патеки низбрдо како и узбрдо и на рамни патеки. Новата геометрија и дизајнот на рамот му даваат на овој велосипед забавен карактер, што е прецизен и брз. Во споредба со своите немоторизирани слични модели, кои го инспирираа дизајнот на eONE-FORTY моделот, возачот кај овој велосипед може да ужива и во вградениот Шимано мотор, кој ги прави и најтешките искачувачки патеки лесен подвиг.

Од нашиот оригинален eONE-SIXTY дознавме дека нашите електрични планински велосипеди со целосна суспензија многу често се користат и за патеки различни од тешките планински за кој се предвидени. Поради предностите на поудобната геометрија и поголеми гуми повеќето возачи ги користат овие велосипеди како еден вид на 'SUV' велосипеди така што нудат супер забавна и удобна алтернатива на нормалните планински велосипеди. Ние сме убедени дека нашиот нов алуминиумски eONE-FORTY перфектно се вклопува во оваа категорија.

Што и да барате, инзворедно способен придружник на патеките со товарен простор за резерви или сигурна и „инспиративна“ нормална „алтернатива“ на планински велосипед, нашите целосно алуминиумски модели eONE-FORTY треба да бидат на врвот на вашата листа.

НАМЕНА

Во согласност со неговите јаглеродни колеги, геометријата, одот на суспензијата и спецификациите го прават целосно-алуминиумскиот eONE-FORTY совршен за возење по трим стази, но и за возења на долги патеки. Не е важно дали станува збор за разиграна патека или повеќедневно возење преку Алпите, овој нов целосно алуминиумски  e-trail велосипед е ваш верен придружник.

Но покрај неговите способности за долги и тешки возења, целосно алуминиумскиот eONE-FORTY е исто така погоден за користење и како удобен 'SUV' велосипед. Поради рамот, удобната исправена положба на возење, eONE-FORTY влева сигурност и нуди вистинска алтернатива на „нормалниот“ планински велосипед.

ГЛАВНИ КОМПОНЕНТИ

Smart Entry

Каблите, сајлите и цревата се прицврстени под тензија за да се спречи нивно заплеткување кога патеката станува тешка. Сите влезови се комплетно заменливи со Di2, хидраулични црева, сајлите од кочниците и менувачите и тн.

Energy Guard Twist

MERIDA ‘Energy Guard Twist’ е двокомопнентен штит на батерија на МЕРИДА кој нуди лесен и брз пристап до батеријата истовремено штитејќи ја од сите надворешни опасности. Новиот механизам на заклучување со вртење кој се наоѓа на врвот на штитникот на батеријата дозволува отклучување и заклучување на штитникот на батеријата без помош од алати.

Rear triangle

Слично на предниот триаголник на рамот, задниот триаголник исто така е направен од алуминиум. Тоа е истиот заден триаголник кој го користиме на карбонските велосипеди како и на оригиналниот eONE-SIXTY. Еден е од најсилните задни триаголници кој што МЕРИДА ги има некогаш направено, и знаеме дека има неверојатна издржливост и цврстина. Дополнително, предност е што користи исти резервни делови

Dropper seat post

Нашиот целосно алуминиумски eONE-FORTY доаѓа опремен со МЕРИДА седиште и шипка кое може да се подесува во возење дозволувајќи му на возачот да ја промени висината на седиштето кога патот станува пострмен и да создаде повеќе простор за маневрирање и подобра контрола врз велосипедот. Како и сите наши делови за електричните велосипеди, така и овие седишта се тестирани и сертифицирани за тежина до 140 килограми.

Satellite charging port & switch

Прекинувачот за вклучување и исклучување како и влезот за полнење на батеријата се позиционирани за лесна пристапност и употреба. Прекинувачот е наместен на горната шипка веднаш позади воланот, дозволувајќи му на возачот да го активира системот без проблем. Сателитискиот влез за полнење се наоѓа над моторот кај пресекот на долната шипка и шипката на седиштето, одлично заштитен а сепак лесно пристаплив.

MERIDA mini toolbox

Прикачен на седиштето е новата МЕРИДА мини кутија за алати. Во кутијата се наоѓаат имбуси од 2/2.5/3/8 мм, рамен штрафцигер и крстач. Перфектно за решавање на скоро сите проблеми со кој може да се соочите на патеката.

Shimano battery

Моќна внатрешна литиумска батерија од 630 Wh(504 Wh за велосипеди со рам големина S), се полни од 0% до 100% за 6 часа (кога се користи EC-E8004 полнач) и задржува најмалку 60% од оригиналниот капацитет по 1000 полнења. Алуминиумската обвивка на батеријата е екстремно компактна и ни овозможува да ја интегрираме во било кој рам а притоа да остане доволно простор за задниот амортизер, држач за шише и слободен простор под горната шипка. Има водоотпоред дизајн и е отпорна на удари и вибрации.

XT drivetrain

Новиот систем на запчаници на ШИМАНО XT го претставува перфектниот баланс помеѓу издржливост, функционалност и тежина. Новиот систем со 12 запчаници импресионира со прецизно менување во било кои услови, со повеќе брзини и долготрајни перформанси, дури и покрај додатниот стрес од примената кај електричните велосипеди.

Chainstay protector

Од голема важност за нас е нашата целосно алуминиумска постава на eONE-FORTY да е што е можно потивка, и велосипедите да останат тивки и по долга употреба. Освен покривката на батеријата ‘Energy Guard Twist’ што ја намалува буката и ја штити батеријата, ние исто така вложивме труд во новиот штитник на рамката кај ланецот. Овој штитник инспириран од древните змејови и многу поголем од претходниот модел ја покрива скоро цела шипка што се протега од задниот систем на запчаници до средниот, помагајќи да се намали буката што ја предизвикува ланецот или од камчиња што се удираат во рамот.

Lezyne front and USB rear lights

Новиот eONE-FORTY од 2021 година го користи новото Lezyne Power Pro предно светло и задното светло кое се полни со УСБ кабел. Предното светло е сигурно прицврстено на воланот на местото предвидено за него, држејќи го светлото фиксирано на велосипедот, без да зафаќа многу простор кај местото за управување. Влече струја од главната батерија и може лесно да се подесува преку дисплејот на Шимано. Задното светло може да се полни (со мини УСБ) и е перфектно издржливо и способно да работи дури и на најмокрите терени. Двете светла нудат одлично осветлување за дневни, вечерни и рани утрински возења.

Hidden kick-stand attachment points

Новите eONE-FORTY рамови нудат скриени точки за прицврстување како лесно би можело да се додаде потпирач под штитникот на ланецот, перфектен за да се направи велосипедот по сестран доколку се користи како “SUV” велосипед.

MERIDA EXPERT eTR cockpit

Управувачот EXPERT eTR cockpit нуди внатрешно протегање на каблите за е-системот низ цевката на воланот и стемот за почист и организиран изглед на велосипедот. Новиот eTRII  стем исто така содржи фиксни точки и жлебови за Lezyne предното светло поради  неговиот уникатен начин на закачување. Како и сите наши компоненти специфични за електричи велосипеди, eTR управувачот е тестиран за системска тежина од 140 килограми.

ВОЗЕТЕ ЈА РЕВОЛУЦИЈАТА

SHIMANO EP8 ПОГОНСКА ЕДИНИЦА

За 2021 година, целиот асортиман на целосно алуминиумски eONE-FORTY модели ќе биде напојуван од новиот EP8 мотор на Шимано. Новиот мотор доаѓа со долга листа на подобрувања и надградби што ќе го кренат нашиот eONE-SIXTY на следното ниво. EP8 нуди максимална излезна моќност од 85 Nm што е подобрување од 15 Nm во споредба со E8000 моторот. Ова ќе ги подобри перформансите на велосипедот на екстремни терени, но исто така ќе ги крене и другите нивоа на поддршка, правејќи го целокупно по способен позабавен за возење. Комбиниран со новата 630 Wh батерија, новиот EP8 систем нуди големо проширување досегот и овоможува подолги или почести патувања.

Дополнително на тоа, новата батерија изгуби отприлика 300 грами, подобрена е и отпорноста на топлина, овозможувајќи му на возачот да вози посилно и подолго, батеријата е потивка и помала и е достигнато 36% намалување на воздушниот отпор, правејќи го возењето со поголеми брзини уште полесно. Сето ова помага да се обезбеди глатка, директна моќност и да се осигура дека возачот секогаш е со целосна контрола додека доживува чувство на природно возење

СПОРЕДБА eONE-FORTY И eONE-SIXTY

eONE-FORTY и eONE-SIXTY целосно изработени од алуминиум го делат истиот рам но многу се разликуваат по својот „возачки“ карактер. Разликата помеѓу нив е во суспензијата. Кај eONE-FORTY задниот амортизер е пократок, што го намалува одот на 133mm за ралика од eONE-SIXTY каде што е 150mm. Дополнително, пократкиот од на предниот амортизер од 140mm го зголемува дофатот кај eONE-FORTY во споредба eONE-SIXTY кој е опремен со амортизер со 160mm-ски од. Ова е причина зошто eONE-FORTY има различно димензионирање споредено со eONE-SIXTY. На пример, рамка со големина на цевката на седлото од 44 cm е големина L кај eONE-FORTY, но кај eONE-SIXTY е големина M. Ние веруваме дека велосипед со пократок од на суспензијата треба да биде по агилен и разигран отколку со подолго движење на суспензијата, но и дофатот има значајно влијание на тоа.

Споредено со eONE-SIXTY, аголот на колот од седлото кај eONE-FORTY е скоро за еден степен поостар и предниот дел е нешто понизок поради виљушката со пократок од на амортизерот и скратената цевка од главната осовина. Ваква геометрија пренесува повеќе тежина на предниот дел од велосипедот и му овозможува на eONE-FORTY подобри карактеристики за искачување поради тоа што предното тркало се искачува подоцна одколку кај eONE-SIXTY. Исто така, поради пократката виљушка, аголот на главната осовина  скоро еден степен поостар правејки го велосипедот помалку осетлив на вибрации при мали брзини. Тоа е повторно добра карактеристика за искачување. Уште една голема разлика споредено со eONE-SIXTY и етоа што висината на стоење е пониска. Причина за тоа е помалиот од , пократката цевка на главината и пониската средна осовина. Посебно на почетниците, ниската висина на стоење им влева поголема самодоверба. Особено за пониските возачи, eONE-FORTY е совршен партнер бидејќи нема многу марки на велосипеди кои можат да понудат толку многу слободен простор при стоење. Исто така, eONE-FORTY е за нијанса полесе од eONE-SIXTY. Тоа е поради компонентите кои не се толку ориентирани кон спустови. Така, на пример, виљушката, суспензијата и гумите се полесни заради дополнителен позитивен ефект на перформансите за искачување.