Селектор на Земја/Јазик
Ве молиме одберете регион MERIDA International
Интернационално
Африка и Блискиот Исток
Европа
- Австрија
- Белгија | Белгија
- Андора
- Босна
- Хрватска
- Република Чешка
- Естониа
- Финска
- Франција
- Германија
- Грција
- Унгарија
- Исланд
- Ирска
- Италија
- Летонија
- Литванија
- Луксембург
- Македонија
- Црна Гора
- Холандија | Холандија | Холандски Антили
- Норвешка
- Полска
- Португалија
- Романија
- Србија
- Словачка
- Словенија
- Шпанија
- Шведска
- Швајцарија | Швајцарски
- Обединетото Кралство
- Украина
Централна Америка
Јужна Америка
Пацифик
Денеска често ја поворзуваме се повеќе пожелната „забава по трим-патеки“ со целосна суспензија поради фактот дека велосипедите со долг од на амортизерите се се’ повеќе способни при спустови но и при враќањето нагоре. Во исто време, Хардтејл велосипедите (со амортизерска виљушка) за трим-патеки се развиваа тивко „во сенка“ за да бомбастично се вратат во овој сегмент после подолгото отсуство. Тие ја комбинираат модерната геометрија за трим-патеки со долг од на суспензијата на виљушката и широки 29“ гуми за неверојатна удобност и контакт со патеката. Добредојдовте во новиот свет на BIG.TRAIL кој нуди едноставна и лесна оф-роуд забава
НАМЕНА
BIG.TRAIL моделот е планински велосипед без заден амортизер или таканаречен “hardtail” направен за возење по земјени и трим-патеки. Геометријата, амортизерите и сите додатоци кој ги има овој велосипед се специјално направени и оптиматизирани за подобро возење по неасфалтирана и “оф-роуд” патека. Но зошто би користеле ваков велосипед само со преден амортизер, кога сите велат дека тие со целосна суспензија се подобри? Има неколку причини: има попристапна цена, полесен за возење и бара помалку одржување од велосипедите со целосна амортизација. Значи ако буџетот не е голем, веројатно овој велосипед е подобар избор одколку некој велосипед со двојни амортизери од почетните модели.
Исто така добро е и тоа што возењето на овој велосипед бара поголема вештина што воедно ја подобрува и вашата техника и ве прави подобар и поелегантен возач одколку што би биле ако возите некој велосипед со целосна амортизација. Ова е поради фактот што возењето на ваков велосипед ќе бара внимателно да бирате каде се движите и директното возење преку се’ што ќе ви се најде на патот не е најдобра идеја. Особено за помладите возачи, ваков велосипед без заден амортизер е одличен за почеток и за подобрување на велосипедските вештини. Еднаш добро научена техника останува со вас засекогаш!

КЛУЧНИ КОМПОНЕНТИ

ДВЕ ШИШИЊА
Нашиот BIG.TRAIL не е добар велосипед само за кратки возења по блиски патеки, спремен е и опремен и за целодневно возење поради тоа што имапозиции за прикачување два држачи за шишиња. Ако преферирате ранецот да ви е полесен и да не носите тежок товар на грбот тогаш овој додаток е огромен плус.

МОДЕРНА ГЕОМЕТРИЈА ЗА ТРИМ-ПАТЕКИ
Долгиот дофат, заедно со аголот на главната осовина од 65.5° и аголот на седлото го прават нашиот BIG.TRAIL солиден велосипед за спустови дури и при погруби патеки, истовремено овозможувајќи импресивни способности за качување, благодарејќи на позицијата на седење централно поставена над средната осовина. Екстра краткиот кол за седлото како и ниската висина на мирување погмаат да се обезбеди многу простор за маневрирање кога стазата станува тешка и макотрпна, истовремено овзможувајќи и подолги возења.

ВНАТРЕШНО ПРОТЕГАЊЕ НА КАБЛИ
Каблите се протегнати долж целиот рам, влегувајќи и излегувајќи од рамот низ глатки отвори. Велосипедот изгледа уредно додека каблите се заштитени од влага и нечистотии.

BOOST ТЕХНОЛОГИЈА
Целокупниот BIG.TRAIL опсег нуди Boost технологија на предната и задната осовина. Стандардот за поплитка оска од 110 милиметри (на предната страна) и 148 милиметри (на задната страна) овозможува поширок агол на шпиците, што резултира со поцврсто и посилно тркало, што е многу корисно за овие велосипеди со 29“ тркала.

ЗГОЛЕМЕН СЛОБОДЕН ПРОСТОР ЗА ГУМИТЕ
Наишиот BIG.TRAIL вози на 29er тркала и има простор за гуми до големина од 2.5“ . Комбинациата на 29er тркала и 2,5“ гуми овозможува добар контакт при вртења и качувања, додека големиот волумен на гумите му обезбедува екстра удобрност и стабилност при премниување погруби препреки.

TRAIL MOUNT
Новиот 'Trail Mount' приклучок е позициониран под пресекот на горната и средната цевка, и оваа точка за фиксирање овозможува многу лесно да се закачи некој алат или пумпа на велосипедот. 'Trail Mount' нуди огромна предност доколку сакате ранецот да ви е полесен или ако возите подолго време и потребно ви е да имате додатна опрема со себе.

ВГРАДЕНА РАЗНОСТРАНОСТ
Додека нашиот нов BIG.TRAIL е планински велоспипед со амртизерска виљушка, исто така нуди и разноврсност со тоа што има приклучни точки за браници, потпирач или место за складирање во случај да сакате да го претворите BIG.TRAIL велосипедот во 'SUV' секојдневен велосипед.

ГОЛЕМА ДЛАБОЧИНА ЗА ВМЕТНУВАЊЕ НА DROPPER КОЛ ЗА СЕДЛО
Поради исклучително кратката цевка под седлото и закосената горна цевка, се создава голем простор на возачот за маневрирање но и можност да се додаде кол за седло со променлива висина (dropper). Нашите мали рамови доаѓаат со dropper кол за седло со променлива висина од 125 mm, додека сите други големинини на рамки со dropper кол за седло со променлива висина од 150 mm.

SRAM UDH НОСАЧ
Sram UDH (Universal Derailleur Hanger) носачот на заден менувач е перфектен за возење по тешки и немилосрдни патеки. Нуди најдобра можна заштита на механизмот за менување така што ротира нанапред во случај на удар и спречува заглавување на ланецот. Исто така е многу прецизна и помага што поглатко да се менуваат брзините и е лесна за замена во случај да се оштети бидејќи секоја продавница за велосипеди која што има Sram продукти би требало да ја има на залиха. Едноставно.
ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ (R&D) - ФОКУС И ОСМИСЛУВАЊЕ НА ДИЗАЈНОТ
BIG.TRAIL геометријата е направена специјално за возење по тешки, земјени и калливи патеки. Има агол на главата на рамот од 65.5° што е карактеристика на многу сегашни “ендуро” велосипеди. Исто далечината од седиштето до управувачот и аголот на седиштето се многу поагресивни во споредба со нашите “cross country” велосипеди. Подолгата шипка од седиштето до управувачот ослободува повеќе простор за маневрирање, а поостриот агол на седиштето го прави искачувањето полесно. Понатаму, долгиот од на амортизерот на виљушката од 140 mm го прави патот многу полесен при симнување дури и на тешките тесни секции од патот. Уште еден аспект на овој велосипед кој го прави погоден за маневрирање и сигурен за возење е пократката шипка на седиштето и закосената горна шипка. Поради ова, може да се добие многу мала дистанца од земјата до седиштето, и седиште кое може да ја менува висината во сред возење може да биде монтирано. Поради ниската висина на прекачување, возачот е слободен да избере велосипед врз основа на карактериските на велосипед а не според својата висина. Единственото прашање е дали саката да возите ненормално брзо или пак супер агилно. Ако барате брзина и стабилност тогаш земете поголем велосипед со поголем рам, ако барате агилност помал велосипед.
За BIG.TRAIL исто така е се битни и 29er тркалата заедно со гумите со ширина од 2.5“ што ги собира во рамката. За велосипед со амртизерска виљушка, изборот на гуми е уште побитен, бидејќи има огромна улога во таа како ќе се однесува на патеката. Велосипедот е дизајниран со растојаније на предниот запченик од 55 mm од средишната линија на рамот, што овозможува изобилство на простор за гумите. Ова е важно бидејќи дури и на најекстремните маневри или во најкалливите услови, гумите нема да го допрат ланецот ниту рамот. Друга предност е тоа што не е потребно да се менуваат тркалата со посебен сет, како на пример 'super-boost' сет на тркала. Прилагодените курбли на педалите овозможуваат повеќе растојание и обезбедуваат доволно простор за конвенционалните Boost сетови на тркала да бидадт вградени во BIG.TRAIL.