eSPRESSO CITY

ASSISTED LOW STEP-THROUGH COMFORT 

VIEW ALL BIKES

Нашиот наделеку познат и сенаменски eSPRESSO CITY со низок праг на прекачување доби некои возбудливи надградби за 2021-та. Сите модели (освен 300 SE) се изработени според  „Енергетска Колевка“ (Energy Cradle) дизајнот на рамка што ќе ја содржи 630 Wh батерија на Shimano и ќе има и уште понизок и попростран праг на прекачување. Новите рамки ја одржуваат одличната крутост на рамката и се достапни во верзија со заден касетен или осовински пренос. Новите капаци за батеријата даваат изглед на интегрирана батерија која може лесно да се отстрани со отворање на на беспрекорно прицврстениот капак и практично да се извади од горната страна.

Модерниот дизајн на eSPRESSO CITY, во комбинација со наменската и многу удобна геометрија и беспрекорната интеграција на целиот спектар на моќните STePS мотори на Shimano (вклучувајќи ја и новата EP8 погонска единца), го одвојува CITY од останатите градски е-велосипеди. Ниското тежиште заедно со силната и цврста рамка му овозможуваат на eSPRESSO CITY да испорача одлични и предвиливи возни карактеристики во секоја ситуација на патот. Качувањето и слегувањето на eSPRESSO CITY е многу лесно благодарејќи на екстремно нискиот праг на прекачување.

НАМЕНА

eSPRESSO CITY цели на корисници кои имаа потеба од сенаменски е-велосипед кој ќе може лесно да се справи со секојдневните предизвици и ситуации, со низок праг на прекачување за да се олесни качувањето и симнувањето од велосипедот. „Energy Cradle“ дизајнот на рамката оддава впечаток на интегрирана батерија додека одржува одлична цврстина на шасијата за предвидливо, сигурно управување во комбинација со удобна возечка положба. Моќниот Shimano STePS погонски систем и максималната тежина на целината велосипед/велосипедист/товар од 150 kg му ја зголемуваат употребливоста за различни намени.

ГЛАВНИ КОМПОНЕНТИ

Интегрирана батерија/ Energy Cradle

Батеријата е полу-интегрирана во целината на рамката и е сместена во „Енергетската Колевка“ (Energy Cradle). Наместо сместување во дупка во надолната цевка од рамката, со што се создава слаба точка кај рамките со низок праг на прекачување и влијае на управувањето и стабилноста, ние ја позициниравме „колевката“ за батеријата на горната страна од надолната цевка. Софистициран алуминиумски капак ја штити батеријата и оддава изглед на една целина. Покрај тоа што и дава беспрекорен изглед на рамката, капакот овозможува брзо и лесно отстранување на батеријата. Колевката се отвара со отклучување на бравата на вртење на врвот од капакот и негово преклопување наназад кон цефката за седлото. Штом капакот е отворен, лесно се отстранува батеријата со помош на двете раце – без да Ве забави некаков си комплесен механизам.

Рамка специфична за осовински пренос

Кај моделите со осовнински пренос рамката на велосипедот содржи прилагодувачи за затегнување на ланецот. Можноста за прилагодување ја отфрла потребата од затегнувачи на ланецот и дава уреден изглед. Исто така тие се компатибилни и со погон со ремен.

MERIDA on/off прекинувач по мерка

На нашите eSPRESSO CITY модели (освен 300 SE) го озициниравме прекинувачот за вклучување и исклучување на долниот дел од надолната цевка. Тука прекинувачот е лосно достапен за вклучување или исклучување на системот.

MIK HD заден багажник со вградено Spaninga задно светло

Нашиот eSPRSSO CITY опсег (освен 300 SE) е опремен со MIK HD заден багажник со максимална носивост од 27 kg. Задниот багажник е одобрен и за детско седиште, овозможувајќи ви да го претворите Вашиот eSPRESSO CC во одлично фамилијарно возило. Тој исто така има интегрирано Spanninga задно светло за максимална видливост. Слично како и предното светло, задното светло се напојува директнро од главната батерија и може да се контролира преку Shimano STePS дисплејот.

Потпирач како стандардна опрема

Сите eSPRESSO CITY модели доаѓаат опремени со потпирач како стандардна опрема, тој е закачен за потскриениот држач веднаш позади главната осовина. Потпричаот Ви овозможува супер-лесно паркирање на велосипедот како и негово товарање.

Порта за кабли (Wire Port)

Специфично дизајнираната главина, „Wire Port“, овозможува одредени кабли да влезат во рамката директно преку портата на главната осовина, намалувајќи го нередот на каблите и спречувајќи нивно заплеткување.

Шара на гумите подготвена за градско возење

Нашиот eSPRESSO CITY опсег вози на брзите 700c тркала, идеални за возење по патишта и мазни површини. Сепак, нашите eSPRESSO рамки можат да прифатат и 650B тркала по потреба. Ние монтираме гуми со рефлектирачка лента на страните и заштита од дупнување што ќе Ве однесат до крајната дестинација брзо и безбедно.

Заклучување на капакот од батеријата

За да соодветно се обезбеди батеријата и да му се даде на eSPRESSO CITY една елегнатна линија, создадовме беспрекорно интегриран алуминумски капак на батеријата семстена на горната цевка. Капакот на батеријата е поврзан со рамката, овозможувајќи батеријата да биде отстранета ефикасно и лесно. Капакот може да се отвори како врата од багажник, така да на возачот да му останат двете раце слободни за отстранување на батеријата. Лесно достапната брава-на-вртење излегува од рамката при нејзино притискање и овозможува лесна пристапност до батеријата.

EXPERT TK прилагодлив стем

еSPRESSO CITY опсегот е опремен со потполно прилагодлив MERIDA EXPERT TK стем, овозможувајќи му на возачот да пронајде иделен агол за перфектна позиција на седење. Понатаму, ги надминува сите MERIDA тестови за е-велосипеди кои се многу по строги отколку што тоа го налага соодветната легислатива. Сите компоненти се тестирани и сертифицирани за тежина на системот до 150 kg.

EXPERT TK седла

Новата генерација на MERIDA трекинг седла за велосипед се јасно фокусирани на удобноста. Положбата при возење на трекинг велосипед се разликува од другите категории најмногу по повеќе исправената положба на седење, што значи поголем притисок врз седлото. Поради тоа трекинг седлата  се пошироки и имаат поделебла опшивка во споредба со спортските седла. Како што мажите и жените се различни, така постојат и две верзии на изработка. Уште една убава карактеристика на седлата е V-Mount интерфејсот, кој му овозможува на велосипедистот да прикачи додатоци директно на основата на седлото.

Shimano мотори

Во палетата на eSPRESSO CITY се вградуваат или новите EP8, E6100 или Е5000 Shimano STePS мотори. Новит 85 Nm силен EP8 мотор, од врвната линија на Shimano мотори нуди повеќе перформанси ориентирано е-трекинг искуство. Воспоредба, докажаниот E6100 погон со 60 Nm е специфично наштелуван за потребите и барањата на трекинг и градски е-велосипед и нуди поголем опсег.

Shimano SC-E6100/SC-E5000 дисплеј

Зависно од моделот, eSPRESSO CITY опсегот ги содржи или SC-E6100 или E5000 дисплејите. СЦ-Е6100 е лесен за користење, дисплеј со три копчиња и поголем екран на кој се прикажани повеќето главни функции во исто време. Овозможен е Bluetooth и ANT Private за лесна конкција со Shimano e-tube апликацијата за лесно подесување и проверка на здравствените параметри. Од друга страна, E5000 ги комбинира прекинувачот и дисплејот во еден уред, се одликува со компактен дизајн а сепак му ги обезбедува на велосипедистот сите потребни информации. Трите копчиња на горната страна овозможуваа лесно нагодување на нивото на помош како и пристап до менијата на дисплејот, додека дополнителниот прекинувач за осветлување овозможува моментални нагодувања на светлото.

СЛЕДНО НИВО НА РАМКИ СО НИЗОК ПРАГ НА ПРЕКАЧУВАЊЕ

Целта на развојот на eSPRESSO CITY беше да се создаде волосипед со низок и простран праг на прекачување што би го олеснил качувањето и симнувањето од велосипедот и би го направил поудобно, во истовреме да не се изгуби ништо од стабилноста и цврстината на рамката. Исто така, сакавме да создадеме велосипед со изглед на интегрирана батерија кој има елегантни и непрекинати линии долж целата рамка. Уште од самиот почеток беше јасно дека интеграцијата на батеријата во рамката преку засек и вметнување во долната цевка негативно ќе влијае на цврстината и карактеристиките на возењето на рамка со низок праг на прекачување. Новиот дизајн на рамката ја карактеризира нашата технологија „Енергетска колевка“ (Energy Cradle) каде батеријата е сместена во длабнатина која наликува на лулка, на надолната цевка. Тука батеријата е удобно сместена без никави сечења на цевката. Поради тоа што цевката не е никаде пресечена, целата рамка на велосипедот останува поцврста и намалена е веројатноста нејзино „треперење“ под оптоварување, обезбедувајќи попредвидливо управување во сите ситуации. Дури и со натоварен багажник, чувството на возење останува удобно, стабилно и безбедно.

Our super low step frame is not just outstanding when it comes to stiffness and handling, but also offers one of the lowest step throughs in the market. On top of that, with frame sizes starting at XS (featuring a super short 38 cm seat tube) and going all the way to XL almost every height of rider can fit on the bike perfectly. With its stylish and modern design and the seamlessly integrated battery that sits underneath the perfectly shaped aluminium cover, the eSPRESSO CITY frame takes low step through frames to the next level.

Нашата рамка со супер низок праг на прекачување не е само извонредна кога станува збор за цврстина и управување, но исто така нуди и еднен од најниските прагови на пазарот. Згора на тоа, со големини на рамки кои започнуваат од XS (се одликува со супер кратка цевка за седишта од 38 см) и одат до XL, скоро секоја висина на возачот може совршено да се смести на велосипедот. Со својот стилски и модерен дизајн и беспрекорно интегрираната батерија што се наоѓа под совршено обликуваниот алуминиумски капак, рамката eSPRESSO CITY оди на следното ниво на ниски прагови на прекачување.